Од 1 февруари 2023 година до 31 јули 2026 година, мрежата Think for Europe (Институт за европска политика – Скопје, Институт за демократија и медијација – Тирана, Институт Алтернатива – Подгорица, Група за правни и политички студии – GPPS Приштина, Иницијатива за надворешна политика – VPI Сараево) ќе спроведува проект Покренувачи на граѓанското општество на Западен Балкан за реформирана јавна администрација (WeBER3.0) кој ќе го координира Центарот за европска политика во соработка со партнер на европско ниво, Центарот за истражување на јавната администрација (KDZ) од Виена. Овој проект е продолжение на работата на јакнење на партиципативната демократија преку овозможување ефективно учество на организациите на граѓанското општество (ОГО) од Западен Балкан (ЗБ) и поддршка на што поголема вклученост на граѓаните во следењето на резултатите од процесот на реформа на јавната администрација (ПЈА) на сите нивоа, во согласност со барањата на Европската унија (OECD/SIGMA принципи).

WeBER3.0, како и претходните два проекта (WeBER2.0 и WeBER), ќе се фокусира на улогата на граѓанското општество во изградбата на здрави демократии и ќе работи на јакнење на ОГО за да станат доверлив партнер на владите во процесот на пристапување кон ЕУ. Обезбедувајќи континуитет во оценувањето на напредокот на реформите што ги спроведуваат локалните организации на граѓанското општество, WeBER3.0 и неговиот најважен производ, Регионален ПЈА Монитор, ќе продолжат да ги насочуваат владите во регионот на патот кон нивното успешно членство во Унијата. ОГО, опремени со докази и знаење, заземаат централно место на европскиот пат и во регионот и обезбедуваат владите да не ги спроведуваат реформските процеси само заради членството во ЕУ, туку заради подобрување на животот на граѓаните.

Проектот исто така ќе придонесе за сеопфатна регионална соработка преку овозможување дијалог помеѓу ОГО и владите на регионално, национално и локално ниво, ослонувајќи се на воспоставената WeBER платформа, која ќе биде дополнително унапредена со вклучување на претставници од бизнис заедницата.

Главни меѓународни партнери за време на WeBER3.0 ќе останат SIGMA/OECD и Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA). Исто така, главните институции (министерства/канцеларии) задолжени за координација на реформата на јавната администрација во секоја земја ќе продолжат да ја извршуваат улогата на соработници на проектот и во третата фаза на иницијативата.

Општата цел на WeBER3.0 е дополнително јакнење на ОГО за да придонесат за потранспарентна, поотворена и поодговорна администрација која ќе биде насочена кон граѓаните, а со тоа и администрација која е повеќе усогласена со ЕУ во регионот на Западен Балкан.

Имплементацијата на третата фаза на WeBER иницијативата, како што беше случај и со претходните две (WeBER 2015-2018 и WeBER2.0 2019-2023), ќе биде најголем дел финансирана од Европската комисија.

За повеќе информации, посетете www.par-monitor.org.

Контакт: Бранко Бирач, проектен менаџер WeBER3.0 (branko.birac@cep.org.rs)
Анеса Омерагиќ, менаџерка за комуникации WeBER3.0 (anesa.omeragic@cep.org.rs)
Стефан Радојчиќ, асистент на проектот WeBER3.0 (stefan.radojcic@cep.org.rs)